| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Грција практично ги исполни условите од кредиторите

grcijaГрција практично ги постигна целите на реформите, побарани од нејзините кредитори, и утре Еврогрупата ќе ги има „првите дискусии“ за можното управување со долгот на оваа земја, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесуваат француските медиуми.

-Во моментов ги изведуваме првиот преглед на планот (ревизија) за помошта на Грција, и неговите цели се практично постигнати, изјави Јункер во интервју кое денеска ќе биде објавено во германските весници, сопственост на медиумската групација „Функе“.

Прегледот на планот за реформи, што Атина го воведува во замена за международниот кредит доделен минатата година, грчките кредитори го сметата за првичен услов за секакви дискусии за грчкиот долг. Но, по повеќе месеци разгледување на планот реформите се уште не го добија одобрението, пред се, поради разликите меѓу ЕУ и ММФ, забележуваат француските медиуми.

Во Брисел утре ќе се одржи средба на 19-те министри за финансии од земјите на еврозоната, кои повторно ќе го разгледаат постигнатото во грчките реформи.

-На оваа средба министрите ќе ги имаат и првите дискусии за тоа што може да се направи за грчкиот долг да стане поднослив на долгорочен план, додаде Јункер.

Тој, меѓутоа, напомена дека отпишување на грчкиот долг не е на дневниот ред на министрите за финансии од еврозоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top