Фернандо Љоренте е фудбалерот за кого сите големи екипи од Европа се интересираат.
Во последните две години откако дојде во Јувентус од редовите на Атлетик Билбао, не се изнаигра и повеќе беше резерва, a со доаѓањето на Манџукиќ, Дибала и Заза тој се поизвесно е дека ќе мора да ја смени средината.
По веста дека Јувентус е подготвен да го пушти да си оди, реагираа најголемите клубови во Европа што ја изненади фудбалската јавност. Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед застаа во редот за услугите на Љоренте.
Самиот фудбалер го пикираше „кралскиот клуб“ и во интервијуто за „Медиасет“ истакна дека би сакал да се врати во Шпанија и посакува тоа да биде во редовите на Реал Мадрид.
Јувентус направи уште една добра зделка затоа што пред две години Љоренте се пресели во Торино како слободен играч, а сега и ќе заработи на име на обештетување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.