Имено, Митровски напомена дека во неговиот четиригодишен мандат досега беа реализирани 80% од реконструкцијата на канализационата мрежа во населеното место Волково.
Тој најави дека до 2015 година целосно ќе биде реконструирана канализационата мрежа во руралниот дел на општината Ѓорче Петров. Напомена дека со оглед на тоа што советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ го добила мнозинството во Советот на општината, доколку тој биде избран за градоначалник на првата седница на Советот ќе побара усвојување на предлогот за продолжување на рокот за уплаќање на средствата од референдумот од 2007 мата година за уште 12 месеци.
– Овие поволности ги даваме земајќи ја вкупната економска ситуација, познавајќи ја економската структура на овие граѓани и даваме една можност навистина сите граѓани во наредниот период со завршување на канализацијата да можат да се приклучат и дефинитивно да ги анулираме сите 6 000 септички јами кои се легло на зараза и болести и со тоа дефинитивно овој простор да прерасне во урбана средина и населба која навистина ќе биде привлечна дестинација не само за градење на индивидуални и колективни куќи или домување, туку и за стопанствениците, затоа што тука имаме уште три индустриски зони, изјави Митровски и нагласи дека со завршувањето на канализацијата, овој дел од општината ќе стане навистина атрактивен.
Како што информираат од општината, овој референдум во 2007 година бил донесен на барање на жителите на ова населено место.
Досега, уплата извршиле 27,4 % од граѓаните. Инаку, општина Ѓорче Петров заедно со Владата на Република Македонија и градот Скопје досега имаат вложено над 3 милиони евра за изградба на канализационата мрежа во населеното место Волково. Исто така, општината вложи и во изградба на нови 40 километри водоводна мрежа во руралниот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.