| четврток, 6 декември 2018 |

Асистенција за Ибраими, шок и елиминација на Марибор во Казахстан (видео)

Агим Ибраими и неговиот Марибор доживеаја вистински шок и елиминација од квалификациите за настап во ЛШ, во реваншот во Казахстан, против Астана.

Домашниот тим победи со 3-1, доволно да ја надомести негативата од првиот меч од 0-1 и да игра во третата филтер рунда за настап во ЛШ.

Ибраими беше асистент при единствениот гол на Марибор, недоволно за продолжување на одисејата.

ibraimi

Вистински трилер меч одигра и вториот наш репрезентативец Мирко Ивановски за Видеотон против ТНС од Велс. Двете екипи победија со по 1-0 на гостински терен, па вечерва во Унгарија имаше продолженија. Видеотон беше посреќен и мина понатаму со гол во дополнителното време од 30 минути.

Динамо Загреб го поправи кискот од Максимир и на гостински терен со 3-0 го победи сосатавот на Фола ЕШ од Луксембург. Аријан Адеми го одигра целиот меч за Динамо во реваншот.

Крсте Велкоски во составот на Сараево претрпе уште еден пораз од Лех Познан и со вкупен резултат од 0-3 претрпе елиминација во второто коло.

На прагот на сензација беше словачкиот првак Тренчин против Стеауа во Букурешт. Гостите по првото полувреме водеа со 2-0, резултат со кој загубија на домашен терен. Сепак романскиот и поранешен европски шампион Стеауа успеа да се извлече, иако загуби вечерва со 2-3.

Во третото коло се пласираа и Селтик со нова победа над Стјарнан од 5-1 и Карабах кој беше подобар од Рудар Плевља со 1-0.


FC Astana – NK Maribor 3-1 All Goals… by tony-hoksa

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top