Според Ристески, кој ја даде поддршката за Чадиев, Прилеп и Велес се многу слични гладови и во тој поглед има за што да се дискутира.
– Се надевам дека со идниот градоначалник Чадиев ќе имаме одлична соработка околу проектирањето и реализацијата на генералните и деталните урбанистички планови со цел што поголемо предвидување на индустриски зони, предвидување локации за изградба на индивидуални куќи, колективен станбен простор и слично – изјави Ристески.
Тој истакна дека своето искуство од изминатите осум години како градоначалник ќе го пренесе на општина Велес. Ристески најави формирање заеднички тимови од двете општини за конструирање проекти и аплицирање за фондовите на ИПАРД и средства од ЕУ, се со цел подобар развој на двете општини.
Славчо Чадиев го искажа своето задоволство од посетата на Марјан Ристовски и потенцираше дека соработката помеѓу Велес и Прилеп е неопходна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.