| четврток, 6 декември 2018 |

Нивес Целзиус не може да крене глава од додворувачи, ама не прави компромиси

Нивес Целзиус е вистинска провокаторка на сцена, но приватно најмногу сака да биде мајка. Годишниот одмор го поминува на Силиби со децата.

nives

Како на сцената, така и на плажата, таа сака да ги истакне своите адути.

Таа на плажа ужива со своите деца Леон (9) и Таиша (7) кои ги доби во бракот со фудбалерот Дино Дрпиќ. На „инстаграм“ таа сподели  неколку фотографии и видео како ужива на море.

Nedelja 26.7 #nolimit #ramaprozor #bjondina #italiaindependent

A video posted by Nives Celsius (@nivescelsius) on

Поминаа две години од разводот. За медиумите призна дека има повеќе додворувачи.

– Не ме интересираат веќе романси. Односно, не би имала ништо против, но од додворувачите барам да имаат исти карактеристики како и кај сопругот. Тоа значи дека ќе биде многу тешко. Добра работа е што имам многу додворувачи, можеби некој од нив со време ќе се покаже како добар – изјави Нивес за „Стори“.

Нивес додава дека не е вљубена, но ужива во љубовта и тоа кон себе.

– Поминаа две години како сум сама и се размазив. Не сум подготвена за компромиси во врската. Не е дека не сакам да сум вљубена, но тоа едноставно не се случува – вели Нивес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top