| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кавадарци ќе се гради нова зграда за противпожарната служба

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Александар Панов од Кавадарци го промовираше пред јавноста местото каде ќе се реализира проектот за изградба на нова противпожарна зграда од западната страна на ЈП „Јасмин“

промовиран проектот  Нов противпожарен дом (2)

Образложувајќи ја потребата за овој проект, Панов нагласи дека локацијата на  западната страна на спортската сала „Јасмин“, каде што ќе се гради дом за противпожарната единица по сите стандарди, нуди идеални услови за такво нешто.

„При проектирањето се користени забелешки и препораки од пријатели и противпожарни експерти од бригадата на градот Манчестер во Англија, кои помогнаа со своите сугестии и предлози, а архитектите од Општината тоа успеаја да го преточат во проект“, нагласи Панов.

Тоа треба да биде современ објект кој излегува на широка сообраќајница, од каде што е можна брза и навремена интервенција на противпожарната единица во секој дел од градот. Вкупната површина на која ќе бидат работните простории и гаражите за возилата, како и делот за сместување на опремата, изнесува 860 квадратни метри.

Се добива простор каде, покрај работните простории, членовите на ПП бригадата ќе имаат можност да ги изведуваат непречено вежбовните ативности, како и за неопходната физичка подготовка.

„Целта на  објектот е да извршиме подмладување на кадарот по природен процес за да создадеме уште поквалитетна противпожарна единица со кадар кој навремено и ефикасно ќе одговори на предизвикот во справувањето со пожарите. Ветувам дека ќе го изградиме новиот дом, а посакувам најминимално или воопшто да не го користиме за интервенции при пожари“, рече Панов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top