Според проценките на светските метеоролози, 2015 година би можела да биде најтоплата откако луѓето вршат мерење на температурата.
Податоците кои ги објави американската Национална администрација за океани и атмосфера, првите шест месеци оваа година биле во просек најтопли во последните 136 години.
Просечната температура за јуни на светско ниво изнесувала 16,33 степени, што е за 0,12 степени повеќе во однос на минатогодишниот рекорд. Јуни, оваа година, според просечните температури на планетата, бил најтопол уште од 1880 година од кога се вршат мерењата.
Овој јуни просечната температура била 0,88 Целзиусови степени повисока од просекот во 20-сеттиот век. Надминат е рекордот од минатогодишниот јуни, кога температурата била 0,12 степени над просекот.
Според податоците на американската институција, температурниот рекорд е поставен и кога се посматра полугодишниот период јануари-јуни.
Оваа година за периодот јануари-јуни просечната температура на копно и на океаните била за 0,85 Целзиусови степени повисока од едновековниот просек и највисока уште од 1880 година.
Досега полугодишен рекорд бил забележан во 2010, кога температурата била 0,09 Целзиусови степени повисока од просекот од 1880 година.
Портпаролот на американската Национална администрација за океани и атмосфера истакна дека во иднина се очекува уште поголем раст на температурата, што може да има катастрофални последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.