| четврток, 6 декември 2018 |

Албански кикбоксер убиен од ИСИС при обид да се врати од Сирија

Valdet-GashiДвократниот светски првак во тајландски кикбокс, Валдет Гаши, наводно е убиен од неговите соборци во ИСИС поради обид да избега од Сирија. Гаши, германски државјанин со албанско потекло, претходно ги напуштил сопругата и двете ќерки и тргнал во света војна, јави ИБТ Тајмс. Информацијата за неговата смрт беше објавена пред две недели, кога неговото семејство за швајцарските медиуми потврдија дека бил убиен. Тогаш не беше позната причината за смртта, и беше соопштено дека загинал во борби.

Сега сириската опсерваторија за човекови права објави дека Гаши бил фатен при обид за бегство од Алепо во Сирија. Веста се смета за веродостојна затоа што организацијата се повикува и на други извори кои тврдат дека Гаши бил се уште жив и се обидел да избега од државата.

valdet gashi2

Тој отпатувал во Сирија во јануари годинава, а во едно интервју рекол: „Ако умрам правејќи добро, секако ќе ми биде мило“.

Сепак, работите не биле такви како што Гаши ги замислувал. Тој бил шокирал од постапките на џихадистите на ИСИС поради што се обидел да избега, но не успеал во намерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top