| четврток, 6 декември 2018 |

Се јаде само со очи: Плескавици со ималин, пилешко полнето со хартија

Сигурно сте размислувале како храната изгледа толку добро на рекламите и воопшто не личи на она што го гледаме во реалноста?
Тоа е така затоа што храната однапред се подготвува со неколку трикови за да изгледа повкусно.

Трикови заради кои производите во рекламите изгледаат совршено свежи и вкусни:

1. Овошјето се прска со лак за коса

hrana za reklama (1)

Нема потреба од многу Фотошоп, овошјето секогаш блеска заради лакот за коса со кој се прска пред да биде фотографирано.

2. Моторно масло наместо сируп за палачинки

hrana za reklama (15)

Сирупот брзо се апсорбира во палачинките, па заради тоа, наместо сируп, палачинките се поливаат со масло за да изгледаат така совршено вкусни.

3. Плескавиците се мачкаат со боја за чевли

hrana za reklama (14)

Плескавиците се пржат многу кратко, бидејќи така остануваат дебели и изгледаат сочно, но заради тоа ја немаат темната боја која е знак дека се готови. Темната боја ја добиваат откако ќе се премачкаат со боја за чевли.

4. Морската храна се третира со глицерин

hrana za reklama (13)

Бидејќи морската храна брзо по пржењето се собира и се прават набори, таа се третира со мешавина од вода и глицерол за да изгледа така како што изгледа на фотографиите.

5. На кинеските нудли им се додава гликозен сируп

hrana za reklama (12)

Нудлите брзо се готват, ама подеднакво брзо ја апсорбираат и течноста и се лепат, па за да се избегне тоа, на нив се додава сируп од гликоза.

6. Во тортите и колачите се става картон

hrana za reklama (11)

За тортите и колачите да изгледаат сочни и полни со фил, меѓу тестото се додава парче картон пред да се нанесе тенок слој фил или шлаг.

7. Во пијалаците се додава сјај за пена

hrana za reklama (10)

Во млекото, пивото и кафињата каде треба да се гледа многу пена, се додава средство за миење садови за повеќе пена.

8. Сладоледот се заменува со пире од компири

hrana za reklama (9)

Сладоледот од светлината и топлината брзо го губи изгледот и почнува да се топи, па наместо него, на фотографиите гледате пире од компири.

9. Наместо шлаг, пена за бричење

hrana za reklama (8)

Формата на пената за бричење изгледа далеку подобро од онаа на шлагот, па заради тоа истата се става во храната која треба да се фотографира за реклами.

10. Пластика наместо коцки мраз

hrana za reklama (7)

Мразот брзо се топи, па на фотографиите, наместо него се става пластика која изгледа како коцки мраз.

11. Млекото во житарките се заменува со лепило

hrana za reklama (6)

Млекото брзо се впива во житариците, па затоа за чинијата житарки да изгледа посочно, се става лепило.

12. Во газираните пијалаци се додава антацид

hrana za reklama (5)

Меурчињата од газираните пијалаци брзо се губат, па пијалаците да изгледаат повеќе газирани, во нив се додава антацид.

13. Пилешкото се полни со хартија

hrana za reklama (4)

За пилешкото да изгледа како да има повеќе волумен се полни со хартија.

14. Во сосовите се става восок

hrana za reklama (3)

За сосовите да изгледаат погусти и компактни, во нив се додава топен восок.

15. Пареата се креира вештачки

hrana za reklama (2)

Кога на рекламите гледате жешка чинија супа или свежо печен компир, всушност гледате во сосема оладен оброк на кој вештачки од страна се додава пареа со помош на машина која креира пареа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top