| четврток, 6 декември 2018 |

Изгаснат пожарот кај Теферич

Целосно е изгаснат пожарот што вечерва зафати дел од Водно кај локалитетот Теферич.

Како што информира командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, опожарени се сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни површина. Причината за пожарот е најверојатно човечки фактор.

– Реагиравме веднаш по добиената дојава за пожарот. Во гаснењето беа вклучени седум противпожарни возила со 15 пожарникари, изјави Менковски.

На терен, додаде, останува да дежура екипа со едно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top