Скопскиот пејач неодамна промовираше нова песна, а во видеоспотот, како и обично, опкружен е со убави жени. Но, во вистинскиот живот сликата е малку поинаква.
Адријан Гаџа во моментот е сингл. Во интервју за „Ботасот“ тој вели дека дури и мајка му почнала да го прашува кога ќе донесе невеста дома.
– Морам да ви откријам нешто интересно. Кога бев мал ме прашаа кога ќе се женам, реков на 32 години. Сега имам 31 – вели Гаџа.
Пејачот, шегувајќи се на своја сметка, вели пред него е долга година, во која ќе си ја најде вистинската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.