Двајца кумановци набавиле фалсификувана банкнота од 100 евра со која си купувале производи од маркет.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за И.А.(35) и Г.М.(41) за кривично дело фалсификување пари и за Е.М.(25), сите од Куманово, за кривично дело недозволена наплата или исплата во ефективни странски валути од Законот за девизно работење на РМ. Во текот на јули 2012 година, првопријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра, а потоа заедно со второпријавениот дошле во продавницата ТП „Алми трејд“ во село Драгоманце, Кумановско, каде што третопријавената работела како продавачка и платиле со фалсификуваната банкнота, што спротивно на Законот за девизно работење била примена од страна на третопријавенатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој се пријави, се пријави: Исцрпени средствата за субвенционирање на печки на пелети
-
Кривична пријава за двајца битолчани кои ширеле говор на омраза на Мечкин Камен
-
Заев доби кривична пријава за загрозување на уставниот поредок
-
Кривична пријава за струмичанец кој се самозадоволувал пред рекреативки на трим патека