| четврток, 6 декември 2018 |

Заев доби кривична пријава за загрозување на уставниот поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за нарушување на уставниот поредок на државата. Според Димитар Апасиев, со последните официјални изјави на Заев од 17 мај, за преговорите, премиерот ги загрозил преговарачките позиции на Македонија и ја довел државата во зависна положба од друга држава.

-Со јавното ветување на Заев пред грчкиот премиер Ципрас, за прифаќање промена на уставното име за севкупна употреба – „ ерга омнес“ и ветувањето дека тој ќе се заложи да се промени името на државата за внатрешна и надворешна употреба, Заев го загрози уставниот поредок на Македонија- рече Апасиев.

Од „Левица“ додаваат дека постои можност да ја прошират пријавата и против други лица, како пример го посочи шефот на дипломатијата Никола Димитиров, кој спред нив, јавно признал дека тој стои зад ваквиот предлог од македонска страна. Побараа Заев да биде повикан на распит и очекуваат обвинителството да ја процесуира пријавата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top