| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено писмо од вработените: Вистината за „Кромберг и Шуберт“

На само неколку километри од Битола, во индустриската зона „Жабени“ се наоѓа единствената странска инвестиција во тој регион – германската фабрика за автомобилски кабли „Kromberg&Schubert“. Со над 2000 вработени, ја прави една од најголемите странски инвестиции кај нас. Но, освен како една од најголемите, Kromberg&Schubert се разликува од останатите и според условите за работа, а за тоа најмногу можат да потврдат вработените во фабриката.

Ви го пренесувамеотвореното писмо од вработените, објавено во „Правдико“.

„Свесни сме што се случува со странските инвестиции во државата. Секојдневно читаме за фабриките и за теророт кој се спроведува во нив. До кога ќе го трпиме сето ова? Ние, вработените, се собравме и решивме да ја обелодениме вистината за „Кромберг & Шуберт“.

Дел од странските инвестиции сме и ние, „Кромберг & Шуберт“, или подобро познатата фабрика во Жабени. Во нашата фабрика главна дејност е производството на кабелски снопови за автомобилската индустрија. Таа дејност се одвива во производна хала која е чиста, средена и климатизирана па така работната температура се движи од 20-25 степени Целзиусови и во лето и во зима, услови со кои ретко некоја друга фабрика во регионот може да се пофали. Семејството на „Кромберг & Шуберт“ го сочинуваме над 2000 вработени кои работиме во 3 смени соодветно. За сите нас е обезбеден организиран превоз со автобуси кои не земаат од најблиската постојка дури и од подалечните села и не враќаат на истите по завршувањето на смената. Кантината која е во склоп на фабриката секојдневно подготвува топол оброк за сите нас и за истиот не плаќаме ни денар. Платата се исплаќа најдоцна до седмиот ден во месцот во овие 2 и пол години додека постоиме и ќе продолжи да се исплаќа и понатаму навремено. Во истата плата се вклучени и редовни бонуси за редовност и ефикасност. Покрај одморот кој законски следува, во текот на годината се спроведуваат и два колективни одмори од кои едниот е на почетокот на месец Август, а другиот е за време на новогодишните празници. Секој од вработените ги ужива правата кои му се загарантирани со закон и никој не е оставен „подолу“ од другите.

Нашата фабрика се грижи за нас и покрај редовните и константни услови превзема уште многу мотивациони активности сѐ со цел да овозможи сите ние да се чувствуваме како дел од едно семејство. Децата на сите вработени до одредена годишна возраст беа поканети на разгледување на фабриката за да се запознаат со работното место на нивните родители, а исто така беа почестени со топол оброк и школски прибор пред почетокот на училишната година. Истите тие деца добија Новогодишни пакетчиња лично од Дедо Мраз во Домот на Културата – Битола каде што 1400 пакетчиња со слатки производи беа земени од страна на веселите детски рачиња кои се радуваа заедно со нас.“

Остатокот и повеќе фото на „Правдико“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top