Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека во експлозија на бомба во градот Суруч загинале 27 лица, а преку 100 се ранети. Станува збор за терористички напад, рече министерот за внатрешни работи. Сепак турските медиуми шпекулираат дека бво експлозијата има повеќе од 30 мртви и се сомневаат дека експлодирала касетна бомба. Сеуште не е позната причината за експлозијата во културниот центар во југоистпчка Турција, во градот кој е десет километри оддалечен од Кобане, соопштија турските безбедносни служби, пренесува „Ријтерс“.
Се шпекулира дека експлозијата ја предизвиката 18-годишна девојка, бомбаш-самоубиец, припадничка на Исламска држава. Најмалку 300 членови на Сојузот на социјалистичката младина се наоѓале во Културниот центар Амара, а учествувале во летната експедиција која треба да ја помогне обновата на Кобане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза