| четврток, 6 декември 2018 |

Државната видеолотарија со донација за специјална олимпијада Македонија

specijalna olipijada

Државна видеолотарија на Република Македонија  во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството.

– Со донација ги охрабривме членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, се вели во соопштението од државната лотарија.

Од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД се случуваат Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада. Станува збор за најголемиот глобален, спортски и  воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

На овој настан годинава, учество има и Специјална Олимпијада Македонија со најголема олимписка делегација во историјата на Македонија. Македонската делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка(тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати, вкупно 26 лица.

– Овој настан е прилика нашата екипа да ја развие својата физичка кондиција, да се радува и забавува, но и да го почувствува натпреварувачкиот дух, а тоа веруваме дека ќе има позитивен одраз врз секој поединец, член на оваа екипа. Токму затоа, тимот на Државна видолотарија на РМ на сите членови на Специјална Олимпијада Македонија им посакува успех во реализацијата на оваа убава мисија, велат од државна лотарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top