| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Трајковски, спортист на Специјална олимпијада: Ќе се вратам од Олимписките игри со медал

Трајковски ќе се натпреварува во дисциплината алпско скијање, во слалом, велеслалом и супервелеслалом, во категоријата Нов ајс, односно почетници. Патеката во слалом ќе има 6 или 7 врати, велеслаломската меѓу 7 и 8, а патеката во супервелеслалом меѓу 5 и 6. неговите натпревари ќе се одржат од 23 до 25 март

Под слоганот „Отчукување за светот“ од 14 до 25 март 2017 година во Шладминг, Австрија Специјалната олимпијада Македонија ќе учестува на 11. Зимски олимписки игри (ЗОИ) на Специјална олимпијада Авсстрија 2017 година за лица со интелектуална попреченост.

Македонија на овие Игри ќе ја претставува Бојан Трајковски (21), а во делегацијата се уште и Аган Реџепагиќ, водач на делегацијата и Јован Јовански, кој е тренер на Бојан.

Трајковски ќе се натпреварува во дисциплината алпско скијање, во слалом, велеслалом и супервелеслалом, во категоријата Нов ајс, односно почетници. Патеката во слалом ќе има 6 или 7 врати, велеслаломската меѓу 7 и 8, а патеката во супервелеслалом меѓу 5 и 6. неговите натпревари ќе се одржат од 23 до 25 март.

Бојан е многу среќен што скија и ветува дека и по настапот во Австрија ќе продолжи да се занимава со овој спорт. Досега тренирал само кошарка.

– Ќе се вратам со златен медал – категоричен е Бојан.

Неговиот тренер Јовановски има само пофални зборови за својот ученик.

– Кај Бојан нема страв. А тоа е најважно кај скијачите. Напредуваше многу брзо. Тој успеа уште првиот ден да се качи на скии и да се спушти. Трениравме во Марвово и во Боровец, Бугарија. За оние кои ги знаат патеките за скијање во Боровец, Бојан успеа да се спушти на „Јастребец 2“. За среќа немавме повреди – изјави Јовановски.

Тренерот има големи очекувања за Бојан на Игрите во Австрија.

– Тој доживеа нешто што досега немал шанса да го доживее и тоа е многу важно за Бојан – вели професорот Јовановски.

Владимир Богоевски, поранешен одбојкар, олимпиец, сега спортски директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), имаше инспиративен говор за Бојан.

– Ти и јас ја имаме таа чест и привилегија да учестваме на Олимпијада и да ја претставуваме својата држава. Малкумина ја имаат таа среќа и задоволство. Ниту најдобрите македонски спортисти во моментов кои имаат светски успех не можат да учестуваат на завршницата на најважниот спортски настан на планетата. Затоа треба да бидеш посебно горд поради тоа што ја претставуваш својата земја – изјави Богоевски.

На годинашните ЗОИ на Специјалната олимпијада ќе учестуваат 2.700 спортисти, 1.100 тренери и 3.000 волонтери. Ова се најголемите ЗОИ на Специјална олимпијада воопшто досега бидејќи ќе учестуваат 111 нации. Екипата на Македонија е најмалубројна на овие ЗОИ. Ова е трето учество на Специјална олимпијада Македонија на ЗОИ, по она во Кореа и САД.

Натпреварите ќе се одвиваат во Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а спортистите ќе се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизагање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, сноубординг и стикшутинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top