| четврток, 6 декември 2018 |

Две сребра за Македонија од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија

 

Спортистот Бојан Трајковски (21), вчера се врати во Скопје, со двете освоени сребрени медали на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017.

– Многу сум среќен бидејќи ветив освојување на медал, а од Шладминг носам прекрасни спомени и два сребрени медали – вели Трајковски.

Двете медали беа освоени во дисциплините алпско скијање, супер џи и велеслалом. Неговиот тренер Јован Јовановски е задоволен од настапот на Бојан и од комплетното искуство од Зимските олимписки игри на Специјлана олимпијада Австрија 2017.

unnamed (1)

Бојан Трајковски со тренерот Јован Јовановски

– Овие олимписките игри се врвно организизиран спортско-хуманитарен настан, кој во 10 дена нуди единствени искуства. Нашиот тим беше одлично подготвен и ги оствари очекувањата. Бојан скијаше и уживаше, а медалите се последица на тоа задоволство. Сребрата на Бојан во алпско скијање се само потврда за моќта на спортот– вели тренерот Јован Јовановски.

На Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017, учествуваа 2.700 атлети, 1.100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери и се најголемите зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада воопшто. Натпреварите се одвиваа во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а атлетите се натпреваруваа во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, скијање на даска (сноубодинг) и стикшутинг.unnamed (2)

Целите на овогодинешните Зимски олимписки игри Австрија 2017 беа: јакнење на човековите права, Зголемување на бројот на учесници во новите спортови  и создавање на партнерски програми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top