| четврток, 6 декември 2018 |

Прерано родени близначки се држaт за рака додека се борат за живот (ФОТО)

2954098C00000578-0-image-a-1_1437341604961

Родени 13 недели порано, близначките Лили и Грејс Џонстон имале само по 907 грама. Докторите им рекле на родителите дека шансите за да преживеат се многу мали, но тие храбро се бореле заедно и се избориле, пишува Дејли меил.

Луѓето од персоналот во болницата ја направиле оваа фотографија, која ги трогна срцата на многумина ширум светот. На неа се близначките кои биле споени во ист инкубатор после седум недели. Веднаш штом ги ставиле заедно, тие се фатиле за рака.

Нивната борба траела два месеци, по што конечно успеале да се изборат. Денес се здрави едногодишни девојчиња кои се поврзани како и тој ден кога се држеа за рацете.

2938EE2700000578-0-image-m-3_1437341716818

2938EE1F00000578-3167584-image-a-14_1437345247959

 

29540B4E00000578-3167584-image-a-13_1437345242034

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top