| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште се чека екстрадицијата на Демири и на Исмаиловиќ

monstrumМинистерот за правда Блерим Беџети изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на  Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм“, но не прецизира кога би можеле да бидат доведени во Македонија за да одговараат за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.

– Во име на Министерството за правда веќе се имаме изјаснето за екстрадицијата. Постапката тече како и за сите друи екстрадииции и комуникацијата меѓу македонското и косовското министерство за правда е одлична. Сѐ тече по редовна постапка, рече Беџети одговорајќи на новинарско прашање на конференцијата за Проектот за македонската судска практика.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3 овој месец во Приштина.

Судскиот процес за петкратното убиство, во отсуство на двајцата првоосомничени, почна на 20 декември 2012 година,  а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.

На 12 април минатата година кај Смиљковско Езеро без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top