Лидерот на „Рибља чорба” Бора Ѓорѓевиќ (62) на есен ќе се жени третпат, но тој не сака да открие која е идната невеста.
– Два пати сум бил во брак и се разведов, а ќе се оженам и по трет пат. На луѓето им велам дека за идниниот брак да не ме прашуваат се до есен. Значи, вест за мојот приватен живот нема да има се до септември, октомври – изјави пејачот за „Стори”.
Да потсетиме, со Драгана, со првата сопруга, Бора има ќерка Тамара и син Борис. Таа почина по разводот во 2007 година. Потоа музичарот застана на лудиот камен со 28 години помладата Александра, од која тој се разведе минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.