| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев добива сериозна конкуренција во нападот, Алесио Черчи пред потпис со Џенова

Македонскиот интернационалец Горан Пандев, следната сезона во Серија А лигата ќе ја одигра за тимот на Џенова. во таборот на италијанскиот прволигаш се задоволни од ангажманот на Пандев, но дополнително се подготвени да ги засилат своите редови во нападот.
Како најсеризен кандидат е играчот на Атлетико Мадрид, Алесио Черчи, кој минатата сезона како позајмен играч настапуваше во редовите на Милан, но не ги оправда очекувањата. Новиот тренер на „росонерите“ Синиша Михајловиќ одлучи дека за следната сезона не му е потребен Черчи не ги прифати условите за откуп на неговиот договор.

Тој треба повторно да заигра како појзамен играч, овојпат во дресот на Џенова оглед дека се уште е под договор со Атлетико Мадрид. Агентот на Черчи сериозно ја разгледува понудата на Џенова и се очекува во текот на следната недела да ја прифати понудата.
Покрај Черчи, во таборот на Џенова би можел да се приклучи и Шпанецот Сусо, кој исто така како позајмен играч, но од Ливерпул, играше во дресот на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top