| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени фудбалерот Кристијан Наумовски

kiko2

Mакедонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Наумовски е уште еден во низата спортисти кои ова лето му ставија крај на ергенскиот живот, откако денеска стапи во граѓански брак со својата сопатничка Симона Ташевска, пренесува „Екипа“.

Наумовски, кој по истекот на договорот со Динаму Букурешт е слободен играч, слободното време го искористи по неколку години врска да стапи во брак со сега веќе својата сопруга Симона. И невестата доаѓа од спортско семејство. Нејзин брат е хокеарот Кристијан Ташевски, членот на Металург и нашата репрезентација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top