Загрепскиот Жупаниски суд денеска го отфрли обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, неговиот соработник Ивица Ловриќ и директорката на „Загрепскиот пазар“, Зденка Палац за проневера на најмалку 308.000 куни (40.500 евра).
Хравтската управа за борба против организираниот криминал ги товареше Бнадиќ, Ловриќ и Палац дека на здружението „Во име на семејството“ му овозможиле да се стекне со противзаконска корист од најмалку 308.000 куни.
Според адвокатката на Бандич, Јадранка Слоковиќ, Судот донел ваква одлука бидејќи увидел дека постапките на осомничените немаат карактеристики на кривично дело.
Претставник на Јавното обвинителство од своја страна најави жалба на ваквата судска одлука до Врховниот суд на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.