| четврток, 6 декември 2018 |

Бандиќ ќе се кандидира за премиер на Хрватска

bandic
Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска најави дека ќе се кандидира за премиер на Хрватска.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера соопшти дека во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во четвртокот беше отповикан премиерот Тихомир Орешковиќ.

Бандиќ најави дека на изборите ќе излезе во одлична форма и ќе се кандидира за претседател на владата.

– Очекувам овој циркус колку е можно побрзо да престане и да се одржат избори кон крајот на јули, истакна Бандиќ.

На новинарско прашање зошто му го завртел грбот на лидерот на ХДЗ Томислав Карамарко, тој одговори дека „во политика нема љубов“.

– Реков ако постои опција да се реши, тогаш нека се реши, инаку нови избори. Таква е цената на политиката, нема љубов во политика. На изборите граѓаните ќе одлучат дали сакаат експеримент или Бандиќ, нагласи градоначалникот на Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top