| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот Парламент денеска гласа за грчката помош

Германските пратеници денеска ќе гласаат за прифаќање на пакетот помош за Грција вреден 86 милијарди евра, објавија германските медиуми.

Се очекува помошта за Грција да биде изгласана и покрај тоа што одреден број пратеници од редовите на конзервативците одбиле да ја поддржат исплатата на дополнителна помош за Атина.

Германија е една од неколкуте членки на еврозоната која мора да му даде „зелено светло“ на пакетот помош за Грција пред оваа помош да може да почне да се исплаќа.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика пратениците да ја поддржат помошта за Грција, истакнувајќи дека е „апсолутно уверена“ дека тоа треба да се направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top