| четврток, 6 декември 2018 |

Ве мрзи? Овие три вежби кои се прават во кревет

woman-wake-up

 

Во ред е да сте мрзеливи наутро, но токму таа особина може да ја искористите во ваша полза. Неколку лесни вежби кои ќе ги направите во вашиот кревет непосредно по будењето, полесно ќе ве разбудат.

Ќе бидете свежи, а и ќе го трансформирате своето тело и тоа со вежби правени меѓу чаршави.

Вежба 1
Легнете на грб со свиткани колена. Подигнете го задникот и исправете ги рацете залепени за земја. Стојте така легнати и почнете да ја кревате едната нога, десната нога кревајте ја директно врз десниот колк и обратно. Оваа вежба е добра за вашиот задник, стомачните мускули и нозете.

Вежба 2
Легнете на грб со рацете исправени на земја. Доближете ги стапалата и раширете ги колената. Со помош на дланките подигнете ги нозете високо без да ги разделувате. Кревајте ја карлицата, а во исто време и нозете. За оваа вежба е потребна контрола, а со неа ќе ги зацврстите стомачните мускули.

Вежба 3
Легнете на кревет со споени дланки, а рацете испружени над главата. Спојте ги стапалата. Кревајте ги нозете и со нив формирајте буква „V”. Додека ги кревате и ширите нозете, со горниот дел од телото навалете се нанапред и со рацете протнете се помеѓу нозете кои ја формираат буквата „V“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top