| четврток, 6 декември 2018 |

Ако вака пее бремена, можам да замислам како пее кога не е

Уште еден успех на македонски изведувач на реномираниот нтернационален фестивал „Славјански базар“ во Белорусија.

Наде Талевска, еден од најдобрите вокали на сцената, иако веќе во петти месец бремена со своето второ дете, имаше одличен настап и заслужено доби признание.

Наде од Витебск сe врати со награда за најдобра интерпретација на словенските јазици и вокално мајсторство.

– Најдрагиот коментар од член на жирито ми беше од Прешс Њилсон од Велика Британија – Ако пее вака во оваа состојба, бремена, можам само да замислам како пее кога не е – вели Наде.

Во трите вечери таа настапи со песните „Тешко без тебе” на Тамара, „Молитва” од Марија Шерифовиќ и „I have nothing“ од Витни Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top