Три години затвор му одреди Кривичниот суд на Зоран Верушевски за случајот во кој тој е обвинет за недозволено поседување оружје.
Тој не го раздолжил пиштолот марка „црвена застава“ кој го добил при вработувањето од МВР, а полицијата го нашла при претресите во јануари. Судијката при изрекување на пресудата образложи дека за ова кривично дело е предвидена казна затвор од 3 до 10 години и дека при донесување на пресудата се раководела од сите изведени докази, олеснителните и отежнувачките околности.
Пиштолот ќе му се одземе и ќе се врати во МВР, а за футролата која тој ја побара во текот на минатото рочиште, судијката рече дека дополнително ќе одлучи. Откако ја слушна пресудата Верушевски се насмевна и искоментира јавно пред новинарите дека „ова не е правда“ и подели писмена изјава на новинарите во која вели дека не го признава судот. Адвокатите најавија дека ќе ја обжалат пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија