Северина Вучковиќ (43) и Игор Којиќ (28) планираат свадба, а пејачката ќе го земе неговото презиме, пишува српски „Блиц“.
– Севе и Игор ќе се венчаат во септември. На пријателите им се доверила дека ќе го земе презимето Којиќ поради што сега веќе некои ја нарекуваат Кебо или Којичка, а таа веднаш се насмевнува не криејќи колку ѝ е мило поради тоа – рекол близок извор.
Тој додал дека пејачката веќе се однесув како членка на семејството Којиќ, па настапила и како гостинка на концертот на таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба.
Идниот свекор одлучил да ја финансира свадбата на синот која ќе биде комбинација на српски и на далматински обичаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.