| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за масакрот во Њутон: Истрелал 154 куршуми за пет минути и убил 26 луѓе

Истражителите што го водат вториот најголем масакр во САД, кој беше извршен лани во училиште во градот Њутон, Конектикат, соопштија нови детали. Истрагата утврдила дека момчето испукало неверојатни 15 куршуми за само пет минути, при што смртно повреди 26 луѓе.  Полицијата, пак, пронашла сеф со пиштол во куќата на убиецот Адам Ланз. Во сефот, покрај пиштолот, биле најдени и повеќе од 1.400 куршуми. Момчето лани влета во училиштето Санди Хук и уби 20 деца и 4 наставнички. Смртоносниот поход го почна од неговиот дом, каде што прво ја застрелал неговата мајка на спиење со четири куршуми. На крајот сам си пресуди.

Мотивите сѐ уште се мистерија иако постојат повеќе теории. Едни тврдат дека момчето имало психички нарушувања, други дека идол му бил монструмот Брејвик од Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top