Српски портали објавија до сега неемитуван видео материјал кој сведочи за случувањата во Сребреница 1995 година. На снимката е генералот Ратко Младиќ кој разговара со бегалците од Сребреница и Жепа. По падот на Сребреница, Муслиманите од Жепа брзо се предале, а генералот Младиќ наредил нивна безбедна евакуација кон територијата која е под контрола на силите на Алија Изетбеговиќ.
На видеото се гледа како генералот Младиќ лично влегува во секој автобус со бегалци при што им се претставува на бегалците и им гарантира безбедно префрлување од другата страна на фронтот. Тој исто така ги потсетува дека за разлика од српската војска, муслиманите немале милост кон Србите.
– Долго сакавте да ме видите. Еве сега ме гледате. Јас сум Ратко Младиќ. Ќе бидете безбедно префрлени во Кладањ. Немојте да се плашите од ништо. Ви посакувам среќен пат и довидување… До сега за мене ви зборувале сѐ и сешто. Еве имате можност да ме видите. Јас сум генерал Младиќ… Не сум таков како што за мене зборуваат на радио и телевизија. Јас вашите деца и вас ве спасувам, а нашите деца во 1992 година беа убиени во кањонот Жепа, вели Младиќ во еден од автобусите.
Погледнете како Младиќ им се обраќа на жените, старците и децата кои српската војска ги евакуирала на безбедно:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го нудел својот рецепт за смрт: Праљак му давал отров на Младиќ за да се спаси од Хаг
-
Смртта на ѕвездата која го направи нечовек – ова е ќерката на Ратко Младиќ, која се самоуби!
-
Самоубиство или нарачана ликвидација: Смртта на ќерката Ана го направила Ратко Младиќ уште по суров
-
Што му пишал Зоран Ѓинѓиќ на Ратко Младиќ?