Се создаде во 1938 година поради Светската економска криза, а денес е водечки бренд на светскиот пазар меѓу инстант кафињата.
Кога тогашниот челник на компанијата Нестле, Луј Дапле, добил задача кафето, натрупано во складиштата во Бразил, да го претвори во растворлива коцка кафе. Тригодишните истражувања покажале дека кафето претворено во прав подолго го задржува својот вкус. Како резултат од тоа, во 1938 година е добиено првото инстант кафе во светот – Нескафе.
Истражувањата покажале дека во секоја секунда се пијат повеќе од 5.500 шолји од ова кафе ширум светот. Во Македонија пак, го користат две третини од граѓаните. 75 години од неговото создавање, Нескафето е секојдневие за граѓаните во 180 земји во светот.
Колку кафето е дел од нашето секојдневие говори и фактот дека токму кафето е вториот најупотребуван производ во светот, по нафтата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


