Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на српските државјани „да се воздржат“ од патување на одмор во Тунис.
Од сите српски државјани кои веќе се наоѓаат во оваа северноафриканска земја, Министерството бара „максимална претпазливост“ и им советува да „применуваат мерки за зголемена внимателност“.
Во соопштението им се порачува на туристите кои престојуваат во Тунис, да ги одбегнуваат туристичките излети и сите места каде има масовни собири.
По терористичкиот напад во Сус од 26 јуни и одлуката на туниските власти од 4 јули за воведување на вонредна состојба во земјата, постои опасност од нови терористички напади, се вели во соопштението.
Министерството во Белград им советува на српските државјани кои се на одмор во Тунис да бидат во контакт со своите туристички агенции и со Амбасадата на Србија во оваа земја.
Претходно и британското МНР им препорача на британските туристи да го напуштат Тунис и посоветува да не се патува во таа држава без поголема потреба.
Препораката да не се патува во Тунис доаѓа по двата терористички напади на исламските милитантни екстремисти и на џихадистите од Исламска држава, прво, врз Музејот „Бардо“ во тунискиот главен град, а потоа и на плажата во Сус, затоа што и во двата напади во кои беа убиени педесетина луѓе, главна цел беа странските туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.