„Реалност е сосема поинаква“,  вели Дон Шан Ѕефи, според кого не е исламот силата што ги спасила Албанците туку напротив католицизмот и католичката црка е таа што ги држи живи албанските врски. Според него, исламот до Отоманската Империја го уништил сето материјално, културно и духовно наследство на Албанците.

Мехмети на промоцијата на својата книга во Приштина изјавил дека математички може да биде докажано дека не православието и католицизмот, туку исламот ги спасил Албанците во некои региони и го дал примерот со Скопје каде што, според него, сите Албанци се муслимани.

На изјазвите на Мехмети реагираше и пратеникот на Демократската партија на Косово, Берат Бузала, кој изјавите ги нарекол „ненормални“.