Иако веќе се обиде да ја излечи својата зависност од дрога и алкохол, се чини дека на Џорџ Мајкл (52) тоа не му успеа ниту овој пат. Неодамна ја напушти клиниката во Швајцарија, а семејството и пријателите на музичарот се мошне загрижени за неговиот живот.
Сопругата на негов близок пријател раскажа дека пејачот знаел толку многу да се издрогира што паѓал на подот, се тресел и повраќал, а неодамна пишуваше дека пушел и по 25 џоинти дневно. Покрај сето тоа, многу е ослабен и се изобличил.
Во изминатите две години откажуваше концерти поради воспаление на белите дробови, а минатата година му се слоши во неговиот дом. Пред две години наводно случајно испаднал од автомобил во текот на возењето, додека се обидувал подобро да ја затвори вратата. Тогаш постоеше сомневање дека поради тоа што бил под дејство на дрога, скокнал од автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.