Реал Мадрид почетокот на подготовките за следната сезона ги започна во Мелбурн, Австралија.
Сѐ уште незагреани за потешките предизвици кои им ги подготвува новиот тренер Рафа Бенитез, фудбалерите на „кралскиот клуб“ како вообичаено ја играат популарната „шева“ на крајот од секој тренинг.
Пепе беше во средина кога при еден дуел тој и Кристијано Роналдо тргнаа на топката. Најдобриот фудбалер во светот за 2014 година прв стигна до неа, но неговиот сонародник беше немилосрден, најпрвин го удри по потколеницата, а потоа и го нагази. По ова Роналдо остана да лежи на тревата.
Среќа е што Роналдо остана неповреден иако не носеше штитници на нозете. Пепе набрзо сфати дека претера со стартот, па му се извини на Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



