| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Мамиќ ќе излезат од притвор со кауција

Судот во Загреб им одреди кауција на Здравко и Зоран Мамиќ по состанокот на Судскиот совет кој одреди двајцата браќа да се бранат од слобода.
Во прв момент им беше одредена мерка притвор од по 30 дена, на денешниот состанок на Судскиот совет било утврдено Здравко Мамиќ да плати седум милиони куни (околу еден милион евра) на име кауција.

Помладиот Зоран Мамиќ, кој е шеф на стручниот штаб на Динамо Загреб, треба да издвои четири милиони куни за кауција, додека за извршниот директор на Хрватскиот фудбалски сојуз, Дамир Врбановиќ, сумата изнесува еден милион куни.

Откако ќе биде собрана потребната сума за секого поединечно и уплатена на сметката на судот, тие ќе бидат пуштени од затворот Реметинец.

Откако беа притворени, судот не дозволи кауција за обвинетите поради страв дека можат да влијаат на сведоците во судскиот процес. Но по само една недела од првичната одлука, сепак Судскиот совет дозволи браќата Мамиќ да се бранат од слобода. Тие дури можеби би можеле да се појават на „Максимир“ веќе на вечерашниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против Фола од Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top