| четврток, 6 декември 2018 |

Ривалдо и син му стрелци на сите три гола за Моџи Мирим (видео)

rivaldo

Дека крушата под круша паѓа докажаа и некогашниот прослвен бразилски фудбалер Ривалдо и неговиот син Ривалдињо.
Синоќа таткото и синот направија вистинско шоу во рамките од втората бразилска лига Серија Б. Тие двајца го сочинуваат напаѓачкиот тандем на Моџи Мирим. Сите три гола ги постигнаа овие двајца фудбалери. Првиот гол го даде Ривалдо јуниор со одличен удар со глава, вториот беше стрелец на легендата Ривалдо од пенал, а третиот повторно беше дело на младиот Бразилец кој невројатно потсетува на својот татко кога пред повеќе од една деценија жареше и палеше ширум Европа.
Ривалдо е сопственик на Моџи Мирим и по лошата финанска ситуација во клубот тој повторно фудбалски се активираше со цел да му помогне на својот клуб од испаѓање во понизок ранг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top