| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на Вардар им се заблагодари на Кипраните за приемот

APOEL-Vardar

Раководството на Вардар им се заблагодари на Кипраните за приемот за време на гостувањето на „црвено-црните“ во Никозија на првиот меч против АПОЕЛ.

Во целост ви го пренесуваме соопштението на челниците на Вардар.

„Раководството на Вардар истакнува голема благодарност до раководството на АПОЕЛ за фер и коректниот дочек и соработка за време на престојот на нашата експедиција во Никозија.

Жалиме што изолирани инциденти и транспарентите на трибините кои сакаа да иницираат провокација беа ставени пред коректноста на АПОЕЛ кои се покажаа како добри домаќини. Во секое лошо има и добро. А, тоа е кипарскиот тим кој уште еднаш покажа како треба да се пречекува еден тим во нивната земја. Од трансферот од аеродромот до хотелот, па од хотелот до стадионот, се беше одлично организирано и со полициска придружба се со цел нашите играчи и ние како раководство безбедно стигнеме до саканата дестинација.

Воспоставивме и одлична соработка која ќе продолжи и во иднина.

Благодариме АПОЕЛ и сега е редот на нас. Сега ние треба да вратиме на доброто домаќинство во Скопје. Ќе дадеме се од себе и Кипраните да наидат на истото гостопримство во нашиот град. Со нетрпение го чекаме реваншот во вторник“, стои во соопштението на ФК Вардар.

Реваншот е на 21. јули на националната арена „Филип втори“ од 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top