Вардар направи мини-изненадување со ремито без голови против АПОЕЛ, а вистинска сензација приреди молдавскиот првак Милсами со победа против ланскиот улесник во фазата по групи во Лигата на шампионите, тимот на Лудогорец.
Бугарите беа апсолутни фаворити за победа на свој терен, но загубија со 0-1 и ќе мора да атакуваат на победа на реваншот.
Неочекуван е и резултатот на Малта, каде што Хибернијанс го победи израелскиот првак Макаби Тел Авив. И тоа со пресврт и два гола во второто полувреме откако Макаби водеше со 1-0 по 45 минути.
Двајца наши интернационалци настапија за своите тимови на стартот од квалификациите, а подобро мина Агим Ибраими. Неговиот Марибот со 1-0 ја победи Астана, додека Сараево предводен од Крсте Велкоски загуби дома од Лех со 0-2. Мирко Ивановски не настапи за Видеотон, а унгарскиот првак и без него го совлада ТНС со 1-0.
Резултати: Вентспилс – Хелсинки 1-3, АПОЕЛ – Вардар 0-0, Митјиланд – Линколн 1-0, Лудогорец – Милсами 0-1, Хибернијанс – Макаби Тел Авив 2-1, Молде – Пјуник 5-0, Скендербег – Крусадерс 4-1, ТНС – Видеотон 0-1, Марибор – Астана 1-0, Тренчин – Стеауа 0-2, Партизан – Дила Гори 1-0, Сараево – Лех Познањ 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.