| четврток, 6 декември 2018 |

Атентатот на Вучиќ подготвуван од јануари

Атентатот на српскиот премиер Александар Вучиќ бил подготвуван од јануари, пишуваат медиумите во Србија.

Aleksandar-Vucic-napad-u-Srebrenici-Srebrenica

Безбедносните сили на Србија уште пред половина година имале информации дека сериозно може да биде загрозена безбедноста на Вучиќ. Оваа информација ја добиле преку посредник од еден висок англиски дипломат кој е на служба во Белград.

– Уште во јануари имавме сознанија дека Британците, кои секогаш биле во разузнавачка војна со Русите, подготуваат конфликти на Балканот, а посебно на релација Србија – Босна и дека мета би можел да биде Вучиќ. Со други зборови сериозно би можела да биде загрозена безбедноста на премиерот – пишува „Ало“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top