| четврток, 6 декември 2018 |

Руски авион се урна за време на воена вежба, двајца пилоти загинаа

Стратешкиот руски бомбардер Ту-95 се урна за време на воена вежба, на 80 километри од градот Хабаровск, соопшти руското Министерство за одбрана.

ruski-avion

Екипажот успеал да се катапултирал од авионот пред уривањето, наведува Министерството, но двајца пилоти сепак загинале.

Останатите петмина членови на екипажот се пронајдени живи.

– Летот е извршен без муниција. Авионот се урна во ненаселено место и не предизвикал никаква штета, се наведува во соопштение на руското Министерство.

Според анонимен воен извор, како што јави ТАСС, причина за падот е техничка грешка.

Тоа е седми инцидент со воени руски авиони од почетокот на летото.

Командата на руската воена авијација издаде наредба да бидат запрени сите летови на бомбардерите Ту-95 додека не бидат утврдени причините за несреќата, јави ТАСС.

На местото на несреќата е испратена комисија на министерството за одбрана, што треба да го истражи инцидентот, соопшти руското министерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top