| четврток, 6 декември 2018 |

Истрагата на рускиот патнички авион 90 отсто сигурна дека шумот од црната кутија е бомба

avion-pad-porodice-sinaj-erbas-foto-printskrin-1446451017-775483
Тимот експерти што ја истражува несреќата на рускиот патнички авион во Египет е 90 проценти сигурен дека шумот што се слуша во завршната секунда на снимката од пилотската кабина е експлозија предизвикана од бомба.

– Досегашните индикации и анализи на звукот од лентите од црната кутија укажуваат дека е бомба. Ние сме 90 отсто сигурни дека е бомба, тврди анонимен член на египетскиот тим од истрагата.

Египетските претставници сопштија дека ги испитуваат сите можни сценарија што би можеле да ја предизвикаат катастрофата, предупредувајќи дека се против избрзани заклучоци.

Џихадисти од групата Исламска држава, кои се во борба против безбедносните сили во египетскиот дел на Синајскиот Полуостров, тврдат дека го урнале рускиот Ербас А321 само 23 минути по полетувањето од одморалиштето Шарм ел Шеик, пред една недела на летот за Санкт Петербург, при што загинаа 224 патници и членови на екипаж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top