| четврток, 6 декември 2018 |

Регистрирана бука на снимката од кокпитот на урнатиот руски авион

На снимката од кокпитот на рускиот авион, што пред една недела се урна над Синај, во последната секунда се слуша некаква бука, соопшти денеска Ајман ал-Мукадам, шеф на истражниот комитет што се занимава со несреќата.

ruski-avion-egipat-olupina-sinaj-foto-reuters-1446315314-774695_2015117192450

– Во специјализирани лаборатории ќе се изведе спектрална анализа за да се утврди природата на оваа врева, истакна Мукадам, додавајќи дека стручњаците се уште собираат информации и дека се уште е рано за носење било какви заклучоци, пренесуваат британските медиуми.

Тој нагласи дека истражителите ги разгледуваат сите можни сценарија на оваа несреќа.

Според Мукадам, до несреќата дошло 23 минути по полетувањето на авионот, кога се уште бил вклучен автоматскиот пилот, а остатоците од леталото се  расфлани на широко подрачје со пречник од 13 километри.

Владите на некои западни земји деновиве објавија дека падот на авионот „Ербас А321“, во кој погинаа сите 224 патници  и членови на екипажот, можно е да бил предивикан од експлозија на подметната бомба, а неколку земји ги суспендираа летовите до египетското летувалиште Шарм ел-Шејк, од чиј аеродром полетал рускиот авион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top