| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ги отфрли приговорите за Брвеница и за Радовиш

Државната изборна комисија (ДИК), која заседава вечерва, ги отфрли приговорите на СДСМ за Брвеница и за Радовиш.

За седумте  приговори на СДСМ за Брвеница ДИК констатираше дека нема основа за поништување на изборите на гласачките места на кои се однесуваат приговорите.

dik-logo

Сепак, ДИК се согласи да го прифати записникот од некои гласачки места во Брвеница во кои се констатирани повреди на изборниот законик од страна на физички лица. Против нив ќе биде покрената прекршочна пријава.

ДИК ги отфрли и 24. приговори на СДСМ за општина Радовиш.
Седницата на ДИК продолжува со расправа по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица и за Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top