Јавно провоцирање и омаловажување, обиди за растурање и попречување на настани, вербални навреди, непочитување на организацијата и протоколот, кавгаџиство на ликови со сомнителен бекграунд е новата тактика на неинвентивниот опозициски СДСМ за борба со политичкиот противник, пишува денеска порталот „Нетпрес“, анализирајќи го однесувањето на СДСМ.
Според порталот, нервозата и очајот од серијалот на порази, вклучително и од фијаското на мрачното сценарио на Зоран Заев, и соочени со немањето поддршка од јавноста која за два пати повеќе му дава доверба на Груевски, придонесе СДСМ да влета во еден тотално неконструктивен и нелогичен атак на личностите кои ја претставуваат ВМРО-ДПМНЕ, но и атаци врз познати јавни личности, пејачи, професори, свештеници.
„Во тоа предничи лицето Сашо Ивановски кој се нарекува Саше Политико и лажно се претставува дека е новинар, а кому СДСМ му има дадено задача да ги попречува настаните кои ги организира Владата, да врши нарушување на јавниот ред и мир, да ги омаловажува и навредува јавните личности, новинарите, политичарите, уметниците, да врши вознемирување.
По слабите негови резултати, СДСМ го засилува лудилото и испраќа и дополнителни лица од своите редови да прават попречување и да скандализираат. Ѓуро Кешкец и Виолета Галабова, кои се во редовите на СДСМ (сликите со Заев) продолжуваат да се брукаат самите себеси и својата партија со обидите да попречуваат настани на политичкиот конкурент, притоа глумејќи некакви жртви“ пишува „Нетпрес“.
Според порталот, СДСМ повторно ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Ем напаѓа, грубо, дрско и беозбразно, ем истовремено преку медиумите на Сорос кои ги контролира потоа глуми жртва на некаква обесправеност, дискриминација. Дупло голо, дупло потценување, затоа и поразот ќе им биде дупли, а разликата во подршката веќе е дупла во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие работи немаат никаква врска со слободата на говорот. Западните демократии ги даваат најдобрите примери. Јавен егзибиционизам, уфрлување во изјави на говорникот, недолично однесување, непочитување на протоколот, вербални навреди и омаловажуваа, попречување на настани и сите останати работи кои СДСМ ги прави во Македонија, се појави кои се случуваат и на Запад. Овие лица кои ги прават овие работи се нарекуваат хеклери, а овој феномен хеклање.
Американскиот претседател Барак Обама е често пати жртва на хеклерите како Саше Политико, и Ѓуро Кешкец од СДСМ. Хеклање доживуваат и државниот секретар Хилари Клинтон, канцеларката Ангела Меркел, британскиот премиер Гордон Браун, потоа Силвио Берлускони, бизнисменот Блумберг, сенаторот Џон Меккејн. Западот, САД, Германија, Британија, Италија соочувајќи се со овие недолични појави развиле и систем на однесување за менаџирање со вакви егзибиционистички испади, кој е оправдан од тамошната јавност.
По упаѓањето во говорот на Обама и викањето од страна на еден присутен, Обама му вели дека е на настан кој тој го организира и му се обраќа со зборовите „во моја куќа си и биди пристоен“, а кога овој не се упристојува тогаш американскот обезбедување го брка надвор од просторијата.
Овој американски Саше Политико кој ја вознемирува Хилари Клинтон си поминува малку полошо и е извлечен од салата со зафат на рацете од страна нa обезбедувањето.
Жена, која е незадоволна од тоа што не и’ дале можност за прашање на прес конференција во германската влада на која присуствува и Ангела Меркел, почнува да го нарушува настанот и да прави возменирување се додека германското обезбедување држејќи ја за врат не и’ ја покажува вратата.
Во Америка, Германија, Британија сосема е легитимно лицето кое ги попречува настаните и се однесува непристојно да биде отстрането од настанот кој го попречува, а во најголем број на ситуации и со употреба на сила. И никој тоа не го скандализира. Едноставно се почитува јавниот ред и мир, не се дозволува некој да го нарушува она што организаторот го замислил, се почитува организаторот исе осудува непристојноста. Се штити јавниот ред и мир. Често пати при вакви испади оправдано е да интервенира и полицијата.
Во некои случаи ако непристојното лице што попречува премногу се занесува се употребуваат и посилни мерки како овој во случајот со попречувањето на американскиот кандидат за претстедател Џон Меккејн.
Ваквите реакции на обезбедувањето и на лицата од протоколот на Обама, Меркел, Берлускони, Меккејн се многу нормални и се оправдуваат. Хеклерот во овие случаи често пати после настанот се извинува кон говорникот кој го навредил, или кон организатрот. Во голем дел од случаите на тоа лице му се изрекува забрана за присуство на настан кој го организира истиот организатор, а исто така во добар дел од случаите западните закони предвидуваат и санкција за овие хеклери егзибиционисти, а најчесто се изрекуваат санкции како Disrupting the peace in public place – Нарушување на јавниот ред и мир, или trespassing – присуство на туѓ имот без дозвола, вознемирување.
Никаде, ама никаде на Запад, ова отстранување на овие лица не се смета за нарушување на слободата на говор, како што кај нас сосросовите структури сакаат да продадат приказна. Никаде. Напротив. По остранувањето на лицето кое возменирува, Обама, Џорџ Буш, Блумберг… и сите други секогаш како по правило истакнуваат: „Ова е најголем доказ за слободата на говорот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)