| четврток, 6 декември 2018 |

Со логистика од Скопје побегнал човекот што го пушти дронот на мечот Србија – Албанија (видео)

dron

Исмаил Морина е Албанецот кој пристигнал во Белград од Италија и го пушти дронот со знамето на Голема Албанија на мечот Србија – Албанија, за потоа со логистика од Скопје да успее да побегне на српско-македонската граница.

Морина и покрај очекувањата дека ќе биде упасен, слободно дава интервјуа, а во едно од нив на националната албанска телевизија ги откри деталите на целата акција.

„Дури 17 часа бев сокриен блиску до стадионот во Белград. Сакав да го пуштам дронот за време на интонирање на химните, но се уплашив од случајните минувачи. Направив само една грешка и го насочив дронот кон фудбалерите на Србија, бидејќи мислев дека албанските репрезентативци играат во црвени дресови. Потоа со логистика од пријател од Скопје успеав да побегнам преку граница. Се плашев да не не фатат и уапсат, но за среќа успеавме да ја минеме границата“, вели во дел од интервјуто, Морина.

dronka

Мечот по инцидентот со дронот беше прекинат, а предизвика многубројни реакции и расправии, за тоа кој е виновен. На крајот судот во Лозана одлучи на Албанија да и бидат вратени бодовите, иако УЕФА пресуди мечот да го добие Србија со службен резултат од 3-0. Србите се казнети со минус од 3 бода, па сега за првпат во историјата на квалификациските мечеви под капата на УЕФА, една селекција има минус бодови (во моментов Србите имаат минус два бода).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top