Стратешкиот руски бомбардер Ту95 се урна за време на воена вежба, на 80 километри од градот Хабаровск, соопшти руското Министерство за одбрана.
Екипажот успеал да се катапултирал од авионот пред уривањето, наведува Министерството, но двајца пилоти сепак загинале.
Останатите петмина членови на екипажот се пронајдени живи.
– Летот е извршен без муниција. Авионот се урна во ненаселено место и не предизвикал никаква штета, се наведува во соопштение на руското Министерство.
Според анонимен воен извор, како што јави ТАСС, причина за падот е техничка грешка.
Тоа е седми инцидент со воени руски авиони од почетокот на летото.
Командата на руската воена авијација издаде наредба да бидат запрени сите летови на бомбардерите Ту95 додека не бидат утврдени причините за несреќата, јави ТАСС.
На местото на несреќата е испратена комисија на министерството за одбрана, што треба да го истражи инцидентот, соопшти руското министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?
-
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден се задржувате по пет минути во оваа позиција?
-
Врие од полиција пред Кале – нема простор за паника, се работи за полициска вежба
-
Поза со која ќе се ослободите од целулитот за еден месец (ФОТО)